Микрокредити за микробизниси

 

          1. Цели на проектот

          Тргнувајќи од пазарната ориентација на Македонска банка АД Скопје дирекцијата за Корпоративно банкарство го зголемува асортиманот на својата понуда со уште еден нов и атрактивен производ - микрокредити за микробизниси. Целта на проектот е стимулирање и развој на малите бизниси во Македонија, преку финансиската поддршка што Македонска банка АД Скопје е подготвена да им ја обезбеди на сите малостопанственици за развој на сопствениот бизнис.

          2. Целни групи

          - друштва со максимален број на вработени до 10 вработени
          - друштва во стопански гранки утврдени како приоритет во макроекономската политика на Република Македонија
          - друштва со проекти кои подразбираат поголем нето девизен прилив
          - друштва кои ќе обезбедат нови вработувања
          - трговци поединци
          - други правни лица кои ќе обезбедат препорака од минимум други двајца стопанственици

          3. Долгорочни микрокредити

          - износ на кредитот од 300.000 до 600.000 денари
          - наменско користење на средствата и тоа: 50% за набавка на основни средства и 50% за обртни срдества (од кои 50% за набавка на суровини и репроматеријали, а остатокот се префрла на сметка на кредитокорисникот)
          - каматна стапка 12% годишно
          - рок на враќање 24 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци

          4. Обезбедување на кредитот

          Кредитот се обезбедува со еден од следните инструменти:

          - денарски и девизни средства како депозит
          - гаранција од друга банка или друштво
          - хипотека на недвижен имот во однос 2:1 осигурана и винкулирана во корист на Банката
          - друг вид на обезбедување кој се договара дополнително

          Задолжително се доставува:

          - меница со менична изјава од правно лице и лична меница од физичко лице оснивач на друштвото со изјава за солидарно пристапување кон долгот
          - бланко налози за пренос образец ПП-30

          5. Рамковен револвинг кредит - лимит врз основа на заложно право

          За обезбедување на кредитот со хипотека се склучува Договор за рамковен револвинг кредит на износ до 25.000 евра врз основа на кој коминтентот може да користи други банкарски услуги:

          - издавање на денарски и девизни гаранции
          - отворање на акредитиви
          - одобрување на краткорочни кредити за обртни средства

          5.1 Поволности што ги нуди Договорот за рамковен револвинг кредит

          Провизија и камата за 10% помала од каматната стапка и провизијата утврдена со Одлуката за каматни стапки и Тарифата на Банката.

          6. Услови кои треба да ги исполни кредитобарателот

          - 100% приватна сопственост
          - деловна успешност и позитивни финансиски резултати
          - да биде депонент на Банката најмалку два месеца и да ги обавува сите активности преку Македонска банка АД Скопје 
 

КОНТАКТ:

Дирекција за корпоративно банкарство
Директор: Јадранка Нунеска
Тел: 02 32 20 504
e-mail: jadrankap@makbanka.com.mk

 
 

 

Copyright © Македонска банка 2001-2002.

   Кредитирање
   Девизно работење
   Денарски платен промет
   Нерезидентни сметки
   Штедење
   Чекови и жиро сметки
   Кредитирање
   American Express
   Нерезидентни сметки
   Сеф
   Мисија
   Историјат
   Организациона поставеност
   Мрежа на експозитури
   Публикации
   Кугларски клуб
   Новости